Од Министерството сметаат дека е очигледна целта на пласираните лажни вести, а таа е предизвикување паника, вознемиреност и постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајот кај младите и нивните родители
На социјалните мрежи се шират лажни вести за наводно пронајдени мртви средношколци во Градскиот парк во Скопје, реагираше попладнево МВР.
„Најостро ги демантираме лажните вести во врска со наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога, кои се шират по социјалните медиуми. Имено, овие лажни вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е дека група средношколци наводно починале од употреба на дрога во скопскиот Градски парк, а низ објавите се разликува само бројката на лица кои биле во групата, која варира од 3 па сѐ до 9, како и периодот на наводно случување на наводниот настан – од викендов, па сѐ до денеска (15.03.2023)“,
велат од МВР.
Од Министерството сметаат дека е очигледна целта на пласираните лажни вести, а тоа е предизвикување паника, вознемиреност и постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајот кај младите и нивните родители.