Со информацијата која ја усвои Владата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)
Минатата година МЖСПП иницираше формирање комисија во која членуваа и претставници на Министерството за финансии и Министерството за економија, која ја разгледа документацијата за спогодбено раскинување на Договорите за концесиите и потребата за обесштетување на договорните страни
На предлог на министерот за животна средина Насер Нуредини, Владата на денешната седница ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Националниот парк „Шар Планина“.
Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
„Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101“,
информираат од МЖСПП.
Минататa година, МЖСПП иницираше формирање на Комисија во која членуваа и претставници на Министерството за финансии и Министерството за економија, која што ја разгледа документацијата за спогодбено раскинување на Договорите за концесиите и потребата за обесштетување на договорните страни.
„До министерот за животна средина и просторно планирање беше доставен Записник со детален преглед на сите реализирани трошоци од концесионерите врз основа на што е изработен предлогот за спогодбено раскинување на Договорите. Со предлогот за спогодбено раскинување на Договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од малите хидроелектрани на Шара предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите и уплатените трошоци на име на концесијата“,
се додава во соопштението од Министерството.
Дополнително, со посебна информација доставен е предлог за спогодбено раскинување на договорот за концесија за МХЕЦ „Шеличе“, лоцирана на подрачјето на Националниот парк „Шар Планина“ во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.