Со помош на пловила и беспилотни летала сè уште се трага по исчезнатите од превртениот чамец
Се преврте чамец во реката Уна кај населеното место Росуље во близина на Хрватска Костајница, додека на него се превезувале мигранти, соопштија хрватските медиуми.

Настанот се случил рано утрово во 4:45 минути, кога полицијата при надзор на државата граница слушнала повици за помош што доаѓаат од реката, при што е утврдено дека е превртен чамец на кој се превезувале неколку лица.
Веднаш испратени полициски патроли на местото на несреќата, а известени се и други служби за итни случаи.
„Пронајдено е починато тело на еден маж. Друг маж, пак, е изваден од реката жив“,
соопшти полицијата.
Со помош на пловила и беспилотни летала сè уште се трага по исчезнатите од превртениот чамец.
