Мажите, кои всушност не биле новинари, брзо се предале и завршиле во притвор. Полицијата неколку дена претходно го застрелала синот тинејџер на Ахмед
Поранешниот индиски политичар Атик Ахмед, осуден за киднапирање, и неговиот брат биле убиени вчера во живо на ТВ, јавува Би-би-си.
Ахмед, кој бил под полициска придружба, разговарал со тројца мажи кои се претставиле како новинари во градот Прајаграј кога му бил ставен пиштол на главата.
Мажите, кои всушност не биле новинари, брзо се предале и завршиле во притвор. Полицијата неколку дена претходно го застрелала синот тинејџер на Ахмед.
Во последните 20 години, Ахмед беше обвинет за десетици случаи на киднапирање, убиства и изнуда. Локалниот суд го осуди него и уште двајца на доживотен затвор во март годинава во случај со киднапирање.
Ахмед претходно тврдеше дека полицијата му се заканувала и дека се плаши за својот живот. Тој и неговиот брат загинале додека оделе во болница на лекарски преглед. Телевизиските снимки ги прикажуваат Ахмед и неговиот брат Ашраф со лисици на рацете додека разговараат со мажи кои се претставиле како новинари.
Мажите ги застрелале неколку секунди подоцна. Во видеото, кое е широко споделено на социјалните мрежи и на ТВ-каналите, Ахмед е запрашан дали присуствувал на погребот на неговиот син.
„Не отидовме на погреб затоа што нè зедоа“,
биле последните зборови на поранешниот политичар.
Неговиот брат Ашраф Ахмед исто така бил погоден, а двајцата починале за неколку минути.
Тројцата осомничени напаѓачи на местото на настанот пристигнале со мотори, соопшти полицијата. Повредени се и полицаец и новинар.
По синоќешниот инцидент, полицискиот министер Јоги Адитјанат нареди судска истрага за убиствата и забрани големи собири во областите на државата Утар Прадеш за да се обезбеди мир.