Како што информираат од полицијата, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес. Биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат
Две лица се приведени во двор на основно училиште во скопски Чаир поради непочитување наредба на овластени службени лица кога од нив било побарано да се легитимираат, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму велат дека се приведени Ф. Е. (35) и Н. Е. (44).
„Лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес. Биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат“,
се вели во соопштението од МВР.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.