„Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите, Обвинителството не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите“, велат од Јавното обвинителство на РСМ
Тимот јавни обвинители кој ја води истрагата за трагедијата во Кочани континуирано презема низа истражни дејствија за обезбедување докази, информираат денеска од републичкото јавно обвинителство.

Од Обвинителството додаваат оти преземените дејствија, кои се во тек и денеска, вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем, а се однесуваат на повеќе различни институции.
„Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите, Обвинителството не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите“,
додаваат од републичкото јавно обвинителство.
За трагедијата во Кочани досега се осомничени вкупно 34 лица – седум полициски службеници од СВР Штип и полициската станица Кочани и 27 физички лица. На сите им е одреден 30-дневен притвор. Во рамки на истрагата осомничени се и три правни лица.
Обвинителскиот тим што ја води истрагата за пожарот во Кочани е составен од 11 јавни обвинители.