Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 81 нов пациент поради компликации со коронавирусот. Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 448 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Од Министерството за здравство велат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, а доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 119, во ковид-центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 23, Кавадарци 75, а во Гевгелија 27 лица, позитивни и сомнителни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники во Скопје имало 46 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти и 5 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 55 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 295 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 лица. На Клиниката за Детски болести има 20 пациенти позитивни на ковид-19 и 7 на ГАК.