Парламентарниот лидер на крајната десница АФД, Бернд Бауман, побара од премиерот Шолц да свика специјална седница на која ќе се расправа за безбедносната ситуација во земјата, додека шефот на екстремно левичарската партија БСВ, Сахра Вагенкнехт, рече дека министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, мора официјално да објасни „зошто толку многу укажувања и предупредувања биле игнорирани“
Повикувајќи на опсежни реформи во безбедносниот сектор по федералните избориизборите закажани за 23 февруари, весникот „Билд“ наведува дека „германските власти обично навреме дознаваат за планови за напад само кога ќе ги предупредат странските служби“
Геèрманските власти денеска соопштија дека 50-годишниот маж осомничен за убиството на најмалку пет луѓе и нанесување повреди на околу 200 други на божиќниот базар во Магдебург во петокот и официјално е е обвинет за крвавиот настан, јавија светските агенции.
Осомничениот, кого германските медиуми го идентификуваа како Талеб ал-Абдулмохсен, од вчера, доцна вечер, се наоѓа во притвор. Неколку часа подоцна, односно денеска наутро властите соопштија дека против него се поднесени обвиненија за убиство, повеќе обиди за убиство и нанедување на тешки телесни повреди.
Претходно медумите објавија дека осомничениот бил лекар-психијатар со потекло од Саудиска Арабија, кој во Германија дошол во 2006 година.
Мотивите за нападот и понатаму остануваат нејасни.
Од она што е објавено Абдулмохсан биле антиисламски активист, кој изминатиот период упатувал закани на интернет кон, а имал и историја на спорови со државните власти.
Тагување и протести
Ужасниот настан за кој обвинет ја шокираше не само Германија, туку и светот.
Петте жртви се идентификувани како четири жени на возраст од 52, 45, 75 и 67 години и едно деветгодишно момче.
Додека голем број луѓе синоќа оддаваа почит за жртвите во Магдебург, околу 2 000 луѓе присуствуваа на митинг на есктремната десничарска партија АФД, насловен „протест против теророт“, објавија локалните медиуми.
Демонстрантите на собирот носеа црни облеки со качулки на главите, држејќи голем транспарент со зборот „ремиграција“, термин што го користат екстремните десничари кои бараат масовн депортација на мигрнати и лица кои сметаат дека не се етнички Германци.
Истовремено, германската влада се соочува со сè погласните прашања за тоа дали можело да се направи повеќе за да се спречи нападот, во покрај убиените, повредени се околу 200 лица од кои 40 се со тешки повреди, а дел и во критична состојба.
„Насекаде на подот имаше крв, луѓето врескаа, се даваа многу лекови против болки“,
изјавил здравствен работник за новинските агенции, раскажувајќи за првите моменти кога почнале да пристигаат амбулатните возила со повредни во нападот.
Детали за активностите на осомничениот
Што се однсува до осомничениот, според новинските извештаи, тој себеси се опишувал како поранешен муслиман. Бил активен корисник на социјалната платформа „Икс“ на кој секојдневно споделувал десетици објави, главно фокусирани на антиисламски теми, критикувајќи ја религијата и честитајќи им на оние муслимани кои се откажале од неа.
Се наведува дека бил активен во давањето поддршка и помош на жените кои сакале да избегаат од земјите од Персискиот залив, но исто така ги обвинувал германските власти дека не прават доволно против она што тој го нарекувал „исламизација на Европа“.
„Има ли пат до правдата во Германија без да се разнесе германска амбасада или случајно да се колат германски граѓани? … Ако некој знае, ве молам да ме извести““,
напишал тој во август на социјалните мрежи.
Во објава на Икс, тој исто така објавил оти посакува поранешната германската канцеларка Ангела Меркел да биде осудена на доживотен затвор или погубена. Тој во 2013 година бил казнет од судот во градот Росток за нарушување на јавниот ред и мир со закани дека ќе изврши злосторства.
Оваа година, како што пренесува „Гардијан“, тој бил под истрага во Берлин поради злоупотреба на линијата за итни повици, бидејќис е расправал со полициски службеници во полициска станица За претседателката на задружениот на поранешни муслимани во Германија, Мина Ахади, тој не им бил непознат. Вели дека ги „тероризал со години“ и го нарекла „психопат кој е приврзаник на ултрадесничарски идеологии и теории на заговор“.
Магазинот „Шпигел“ цитираше безбедносни извори дека саудиската тајна служба минатата година ја известила германската разузнавачка агенција – БНД за објава во која Абдулмохсен се заканува дека Германија ќе плати цена за третманот на саудиските бегалци.
Весникот „Ди Велт“, повикувајќи се на безбедносни извори, објави дека германската државна и федерална полиција извршиле проценка на ризикот од Абдулмохсен и заклучиле дека тој не претставува конкретна опасност.
Критики кон владата на Шолц
Германскиот канцелар, Олаф Шолц вчера го посети местото на крвавиот настан и упати повик за национално единство во услови на зголемена политичка тензија во земјата пред предвремените федерални избори закажаниз а 23 февруари.
Опозициските партии од крајната десница и крајната левица веднаш излегоа со критики кон владата на Шолц. Парламентарниот лидер на крајната десница АФД, Бернд Бауман, побара од премиерот да свика специјална седница на која ќе се расправа за безбедносната ситуација во земјата.
Шефот на екстремно левичарската партија БСВ, Сахра Вагенкнехт, рече дека министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, мора официјално да објасни „зошто толку многу совети и предупредувања биле игнорирани претходно“.
„Зошто нашата полиција и разузнавачките служби не направија ништо, иако го имаа Саудиецот на својот радар? … И зошто предупредувањата од Саудиска Арабија очигледно биле игнорирани?“,
беа прашањата што ги наведе германскиот таблоид „Билд“.
Повикувајќи на опсежни реформи по изборите, весникот наведува дека „германските власти обично навреме дознаваат за планови за напад само кога ќе ги предупредат странските служби“.