„Потенцијалната ескалација на конфликтот Москва-Киев ќе има негативно влијание врз надворешната политика на Србија, имајќи предвид дека ние сме два пријателски и братски словенски народи“, се вели во соопштението од српското МНР, но се додава дека веруваат оти интензивната дипломатија ќе ги смири тензиите помеѓу Русија и Украина
„Србија во никој случај не е дел од политичкиот или кој било друг конфликт меѓу Русија и Украина“, по првпат се огласи српското Министерство за надворешни работи од почетокот на актуелната криза во Украина, додавајќи оти тие не се и нема да бидат дел од проблемот туку се подготвени да бидат дел од решението, што ќе значи смирување на тензиите меѓу Русија и Украина.
„Потенцијалната ескалација на конфликтот Москва-Киев ќе има негативно влијание врз надворешната политика на Србија, имајќи предвид дека ние сме два пријателски и братски словенски народи“,
се вели во писмената реакција на српското МНР до Гласот на Америка.
Министерството додаде дека верува оти „интензивната дипломатска активност ќе вроди со плод, дека тензиите ќе се смират и дека ќе се избегне поширока ескалација на конфликтот“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера го прими во проштална посета амбасадорот на Украина во Белград, Олександар Александрович, а во соопштението по средбата се вели дека тие разговарале за подобрување на соработката меѓу двете земји и посветеноста на Белград и Киев за почитување на меѓународното право.
По руската анексија на Крим во 2014 година, Србија не го призна Крим како дел од Русија, а како што изјави Вучиќ во 2018 година, тоа не е направено бидејќи тоа би значело дека Србија на тој начин ја признава независноста на Косово“ и „би си пукала себеси во нога“.
Од друга страна, Србија не се приклучи кон економските санкции на ЕУ кои ѝ беа наметнати на Москва поради анексијата на Крим и гласаше против неколку резолуции на ОН со кои се констатира кршењето на човековите права на Крим или се осудува анексијата на тој полуостров.
Ниту Русија ниту Украина не ја признаа независноста на Косово.