Кастриот Реџепи објави на Фејсбук дека, според него, државата во овој важен период нема потреба од политичка криза и дека се големи шансите во декември С Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ
Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, соопшти предмалку дека нема да присуствува на денешната собраниска седница на која е поставено прашањето за доверба на Владата, со што станува неизвесно дали опозицијата воопшто ќе има кворум за да го усвои дневниот ред.
Реџепи објави на Фејсбук дека, според него, државата во овој важен период нема потреба од политичка криза. Тој исто така вели дека големи се шансите во декември С Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.
„Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект движењето Беса, на кое му припаѓам, е евроатлантската интеграција на РСМ.
напиша Реџепи на Фејсбук.
Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ, кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно ќе добие датум за почнување преговори за членство во ЕУ и поради тоа решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи ги интересот на народот и државата на прво место.
На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и внесување во турбулентни води исполнети со неизвесност“,
Собранието моментно е на пауза од еден час, која ја побара заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, откако се виде дека на опозицијата и недостига еден пратеник од потребните 61 за изгласување недоверба на Владата, но и за утврдување на дневниот ред.