Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска нема да ја продолжи седницата на која се одвива амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, откако претседателот на ова собраниско тело, Тимчо Муцунски, вчера објави дека е позитивен на ковид-19.
Од Собранието информираат дека денеска во претпладневните часови завршило земањето брисови од страна на Институтот за јавно здравје на вработените во Комисијата и на дел од пратениците, кои биле во контакт со претседателот на Комисијата Тимчо Муцунски.
„Веднаш штом пристигнат, тие ќе бидете известени за времето на продолжување на работата на комисијата“,
соопштија од Собранието.