Поради коронавирусот се одлагаат локалните избори во Британија и изборот на градоначалник на Лондон закажани за 7 мај.
Кабинетот на Борис Џонсон реши тие да бидат одржани на 6 мај наредната година, откако тоа го побара Изборната комисија која оцени дека здравствената криза која ја предизвикува коронавирусот ќе има влијание врз кампањата и врз гласањето.
„Секоја одлука за одложување избори е непосакувана, но ние се наоѓаме во досега невидена ситуација“, е ставот на Изборната комисија.