Единаесетмесечнината од трагедијата беше одбележана во 11:52 часот, а граѓаните, стоејќи во тишина, им оддадоа почит на 16-те загинати. Освен во Нови Сад, комеморативни собири се најавени и во Белград, Крагуевац, Ниш, Прокупље, Суботица и во други градови
Граѓаните на Нови Сад денеска се собраа на неколку локации во градот за да им оддадат почит на жртвите што загинаа по падот на натстрешницата на Железничката станица на 1 ноември минатата година.

Единаесетмесечнината од трагедијата беше одбележана во 11:52 часот, а граѓаните, стоејќи во тишина, им оддадоа почит на 16-те загинати. Бетонската натстрешница од реконструираната зграда на Железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември минатата година околу 11:52 часот. Инцидентот се случи четири месеци по свеченото отворање на зградата на Железничката станица по нејзината реконструкција.
По трагедијата, во Србија од крајот на минатата година почнаа да се одржуваат масовни антивладини протести предводени од студентите, со кои се бара одговорност за несреќата во Нови Сад.
Освен во Нови Сад, комеморативни собири се најавени и во Белград, Крагуевац, Ниш, Прокупље, Суботица и во други градови.