Рафах ќе биде повторно отворен. Воспоставуваме со Обединетите нации, Египет, Израел и со други механизам за да добиеме помош и да ја доставиме до луѓето на кои им е потребна, рече Блинкен по состанокот со египетскиот претседател, но не го прецизира времето на повторното отворање на преминот

По средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави дека преминот Рафах меѓу Газа и Египет ќе биде отворен.
„Рафах ќе биде повторно отворен. Воспоставуваме со Обединетите нации, Египет, Израел и со други механизам за да добиеме помош и да ја доставиме до луѓето на кои им е потребна“,
рече Блинкен по состанокот со Фатах ал Седам, но не го прецизира времето на повторното отворање на преминот.
Блинкен вели дека поранешниот американски амбасадор во Турција, Дејвид Сатерфилд, е назначен од страна на претседателот Џо Бајден за специјален пратеник за хуманитарни прашања на Блискиот Исток и за да помогне во координирањето на напорите за помош, а денеска веќе тој се очекува да биде во Израел за да започне со координацијата.
Блинкен рече дека додека САД го поддржуваат правото на Израел да се брани, тој се надева дека Израел ќе одговори на начин што ќе ги потврди заедничките вредности што ги имаме за човечкиот живот и човечкото достоинство.
„Важен е начинот на кој Израел го прави ова. Треба да го направи тоа на начин што ги потврдува заедничките вредности што ги имаме за човечкиот живот и човечкото достоинство, преземајќи ги сите можни мерки на претпазливост за да се избегне повреда на цивилите. Цивилите не треба да страдаат за злосторствата на Хамас“,
рече тој пренесува Си-ен-ен.
На прашањето дали САД ќе го одбранат Израел во случај на ескалација, Блинкен рече: „Мислам дека не би можеле да бидеме појасни отколку што бевме, дека кога станува збор за безбедноста на Израел, го имаме грбот на Израел. Ние ќе стоиме со него денес, утре и секој ден“.
Блинкен увери дека американските сили мобилизирани во регионот немаат за цел „да провоцираат некого, туку да испратат многу јасна порака за одвраќање, дека никој не треба да прави ништо што на кој било начин го проширува овој конфликт или дека ја поттикнува агресијата против Израел од која било друга насока“.
„Никој не треба да прави ништо што би можело да долее масло на огнот на кое било друго место. Мислам дека тоа е многу јасно“,
додаде тој.