„Констатирано е и дека надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и дека системот за национална безбдност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици“, информираат од претседателскиот кабинет
Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата. Ова на денешната конститутивна седница го констатираше Советот на безбедност, со кој претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, инфомираат од нејзиниот кабинет.
„На седницата, покрај претседателката присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министеер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови именувани од претседателката, како Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов“,
се вели во соопштението од кабинетот на претседателката.
Покрај членовите на Советот, на покана на Сиљановска-Давкова на седницата на Советот учестуваа и реферираа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
„Констатирано е и дека надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и дека системот за национална безбдност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици“,
информираат од претседателскиот кабинет.
Советот заклучил и дека учеството на Армијата во НАТО мисиите, ЕУ-мисиите и во мисиите во ОН е успешно, а бројот на учесниците во мисиите се одредува во зависност од потребите и одлуките на надлежните институции.
Советот на безбедност ќе се состанува на секои три месеци, а ако ее потребно тоа ќе се случува и почесто.
Инаку, Советот за безбедност е највисоко советодавно тело што ги разгледува прашањата поврзани со безбедноста и одбраната на државата и дава предлози на Собранието и на Владата.
Седниците на Советот се затворени, освен во одредени случаи кога можат да бидат и јавни, за што одлучува претседателот на ова тело.