Во модуларната болница има 17 пациенти, од кои како што информираат од Оштата болница Прилеп, 14 се на кислородна поддршка, а двајца е во тешка состојба

Нема никакви проблеми со функционирањето на модуларната болница по Прилеп по инцидентот со оштетувањето на таблата за напојување со електрична енергија кој го истражува полицијата, информираат кусо од болницата за МИА.
Синоќа болницата ја информирала полицијата, која направила увид, дека обезбедувањето забележало физичко оштетување, со хебла на таблата која е веднаш до модуларната болница и ја напојува со електрична енергија. Полицијата го истражува случајот, а земени се и снимките од безбедносните камери.
Директорката на Општата болница со проширена надлежност од Прилеп, Кети Смилеска, во кус телефонски со МИА информира дека нема проблеми во функционирањето на модуларната болница каде се хоспитализирани 17 ковид-пациенти.
„Во модуларната нема никаков прекин на струја, ниту е нарушено функционирањето. Од 17 хоспитализирани пациенти, 14 се на кислородна поддршка, а двајца пациенти се во тешка здравствена состојба“,
информира Смилеска.
По големата трагедија во тетовската модуларна болница каде во пожар загинаа 14 лица, во прилепската имало вонредни инспекциски контроли и надзор на исправноста на противпожарните апарати, уредите и на електричната инсталација и не е најден никаков пропуст.
За случајот утрово информираше Министерството за здравство од каде исто така потенцираа дека и покрај оштетувањето струјата во модуларната прилепска болница функционира бидејќи надворешната табла не вршена дотур на струја за болничката опрема што се користи, па вандализмот не ги довел во опасност животите на пациентите. Здравствените власти исто така, апелираа до надлежните институции што побрзо да го расчистат случајот.