Вкупно 125 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјава
Во Скопје во последните нема хоспитализирано ниту еден нов ковид-пациент. Епидемиолошката сотојба во државата се стабилизира и во моментов има вкупно 125 пациенти кои се лекуваат болнички, а околу 500 кревети се слободни.
„Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 48 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во изминатово деноноќие на домашно лекување се пуштени четворица пациенти“,
велат од Министерството за здравство.
Празни се и ковид-центри во Кавадарци и Гевгелија, а во Битола во моментов се лекуваат седуммина, во Штип се хоспитализирани осум пациенти, на инфективното одделение во Тетово има два пациенти, во Велес се лекуваат 11 болни, во Куманово 15 пациенти, во Охрид има хоспитализирано седум пациенти, во Прилеп четири, во ковид-центарот во Гостивар осум, а во Струга четворица болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се девет пациенти и во Кичево двајца.
„Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“,
велат од Министерството за здравство.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
