Денешниот протест следува откако студентите упатија барање до актуелната влада да распише вонредни парламентарни избори до Видовден, 28 јуни
Илјадници граѓани во колони се собираат на плоштадот „Славија“ во Белград, каде за 18 часот е закажан собир под слоганот „Се гледаме на Видовден“. Како што пренесува Н1, центарот на градот е преплавен од луѓе кои се приклучуваат на повикот на студентите во блокада, а се забележува и засилено полициско присуство.
Според најавите, предвидено е да се одржи 16-минутен молк во чест на загинатите од падот на натстрешницата во Нови Сад, по што ќе следат говори на учесниците и организаторите на собирот.

Денешниот протест следува откако студентите упатија барање од актуелната влада да распише вонредни парламентарни избори до Видовден, 28 јуни. Тоа е нивното прво барање.
Второто барање е прекинување на митингот во Пионирскиот парк во центарот на Белград, каде што студенти кампуваат во последните три месеци, барајќи продолжување на универзитетската година.

Студентите во блокада најавија и доколку барањата не бидат исполнети до 28 јуни во 21 часот, очекуваат дека граѓаните ќе бидат подготвени да ги преземат сите постојни мерки на граѓанска непослушност.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешното одбележување на празникот Видовден рече дека очекува да се случат обиди за насилство. Коментирајќи ги најавите на студентите дека доколку нивните барањата не бидат исполнети до Видовден, оти ќе ги преземат сите постојни мерки на граѓанска непослушност, Вучиќ рече дека претставниците на полицијата ќе бидат воздржани и трпеливи, но дека организаторите на овие собири нема да бидат задоволни од резултатот на вечерашниот протест.
„Ќе има насилство. Не можат да се извлечат од тоа. Според нашата проценка, се очекува насилството да почне меѓу 20:45 и 21:45 часот. Ние сме подготвени. Кој ќе ги слуша Бодирога, Кокановиќ, Перишиќ? Тоа се бесмислени говори. Тие не се во можност да кажат пет реченици за себе, а камоли нешто повеќе“,
рече Вучиќ.
Вучиќ претходно кажа дека нема да ги исполни барањата на студентите во блокадата.