Демонстранти влегоа во зградата на Конгресот на САД во Вашингтон откако претходно се судрија со полицијата на влезовите на објектот
Денешниот протест на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп се претвори во ситуација невидена за американската демократија.

Илјадници поддржувачи на Трамп кои, како и тој, сметаат дека ноемвриските претседателски избори биле лажирани, не само што се судрија со полициските сили, туку и успеаја да влезат во самата зграда на американскиот Конгрес каде течеше заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот на која се верификуваа резултатите според кои иден претседаел на САД е демократот Џо Бајден.

Последните информации се дека конгресмените и сенаторите, откако биле заклучени во главната сала на Конгресот, сега се евакуираат низ подземните тунели под зградата која на тој начин е поврзана со останатите институции во Вашингтон.
Конгресменката Абигејл Спанбергер, во изјава за NBC, потврди дека таа и нејзините колеги се евакуирани и дека се наоѓаат на сигурно место, без да прецизира каде.




Главното прашање во американската јавност е како воопшто се дозволи ваква ситуација во главниот град на најмоќната земја во светот.