Екипите со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините и од кејот и досега се исчистени околу 800 од вкупно 3 500 метри во насока од мостот „Обединети нации“ до Железниот мост во Влае, велат од Град Скопје
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со чистење на коритото на реката Вардар.
Од Град Скопје соопштија дека деновиве започна чистењето на косините на реката Вардар во насока од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар палас“, а чистењето е од двете страни од кејот, во вкупна должина од околу 3,5 километри.
Екипите со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините и од кејот и досега се исчистени околу 800 метри, во насока од мостот „Обединети нации“ до Железниот мост во Влае, велат од Градот.