Пред три дена е пријавено истекување на хемикалии во реката
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека се чекаат резултатите од земените мостри од крим техника во врска со загадувањето на реката Брегалница во Штип. Исто така извршен е инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Од крим техника СВР- Штип земени се три мостри за испитување од водата и се чекат резултатите за натамошно постапување. Согласно наодите од страна на ДИЖС е изречена соодветна санкцијаа.
На 23-ти јуни во вечерните часови е пријавено истекување на хемикалија-ЛИТЕКС С 9070 во ТИРЗ – индустриска зона – Штип, при што Инспектораттот утврдил дека истекувањето се случило при истовар на хемикалијата од цистерната, односно при пукање на цревото при што се излива во каналот за атмосферска вода кој оди дирекно во реката Брегалница.
Следниот ден, на 24 јуни во 9 часот направен е увид во документацијата и констатирано е дека фирмата ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ поседува решение за одобрен елаборат за животна средина од општина Штип од 2015 година, во кој е утврдено дека фирмата ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ во технолошкиот процес нема испуштање на отпадни индустриски води, емисии во воздух и нема бучава.
Исто така, фирмата поседува и решение за вршење на дејност промет на големо со хемикалии во магацински простор одобрено од Министерството за здравство од 16.08.2017 година и поседува безбедносен лист за хемикалијата LITEXS S 9070 од производителот СИНТОМЕР Германија и оти не е токсична, соопштија од Министерството за живтона средина во врска со овој случај.
