Професори од Градежниот факултет во Скопје при вчерашната посета на местото извршиле увид на состојбата со мостот, а потоа со претставници на ЈП „Македонски железници“ разговарале за изнаоѓање решение за негова санација
Се прават анализи и се разгледува ситуацијата за решавање на проблемот со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река поради што железничкиот сообраќај на овој дел е во прекин.
Професори од Градежниот факултет во Скопје при вчерашната посета на местото извршиле увид на состојбата со мостот, а потоа со претставници на ЈП „Македонски железници“ разговарале за изнаоѓање решение за негова санација, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Исто така, било разговарано и за мерките и активностите што треба да се преземат за надминување на проблемот.
Поради напукнатиот бетонски столб на мост на Црна Река, железничкиот сообраќај на линијата Гевгелија – Велес од вчера се одвива комбинирано, со воз и автобус.
Прекинот на железничкиот, патнички и товарен сообраќај, меѓу станиците Кукуричани и Градско (во близина на Стоби), е во прекин од вторникот.
Сепак, патничкиот сообраќај се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз.
Патниците што патуваат со воз од Скопје од станицата кај Градско го продолжуваат патот со автобус. Исто така, оние што со воз ќе тргнат од Гевгелија од Криволак патот ќе го продолжат со автобус.