Според информациите од Основното јавно обвинителство Гостивар, убиството било извршено на суров начин, по што осомничените се обиделе да ги сокријат трагите на злосторството

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага против две лица, маж и жена, кои се сомничат за свирепо убиство на Хавва Азизи од селото Здуње. Според информациите од Обвинителството, убиството било извршено на суров начин, по што осомничените се обиделе да ги сокријат трагите на злосторството, со тоа телото на жртвата го закопале во дупка и го запалиле.
Настанот се случил на 7 декември, кога осомничените со автомобил ја зеле жртвата од пред нејзиниот дом. Тие ја однеле во нивната куќа во селото Неготино, каде започнала расправија поради одредени недоразбирања.
Потоа осомничените ја затвориле Азизи во помошна просторија на куќа чиј сопственик престојува во странство. Според обвинителството, осомничената донела пиштол, а осомничениот го извршил убиството со еден истрел од огненото оружје
По извршеното убиство, двајцата го пренеле телото со количка до автомобил. Потоа го однеле во атарот на селото Неготино, каде го фрлиле во претходно ископана дупка по што го запалиле телото, а потоа го покриле со земја, гранки и разни предмети.
Од Обвинителството велат дека мотивот за убиството се испитува.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Инаку, за овој настан минатата недела Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека го расчистило убиството на жената што претходно беше пронајдена закопана во дупка во атарот на гостиварското село Неготино. За убиството е осомничен 53-годишниот С. М. од селото, кој, како што информираа од Министерството, претходно дал лажен исказ во полициска станица во врска со случајот.
