За две лица од Дебар се бара казна бидејќи сториле кривично дело со кое ги прекршиле здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата во одвоени случаи биле забележани како се движат низ градот во период од 21 часот до 5 часот, во време кога во сила е полицискиот час.
Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби, односно 1 000 евра.