„Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претставниците на власта, која се демонстрира кон опозцијата“, велат од СДСМ и бараат итно оставка од Стоилковиќ
Најостро ги осудуваме шокантните навреди од вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ, кон организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на Фејсбук, велат од СДСМ. Пораката на овој висок владин функционер, како што посочуваат од опозициската СДСМ, претставува скандал и демонстрација на врвен простотилук.
„Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претставниците на власта која се демонстрира кон опозцијата. СДСМ бара итно оставка од Стоилковиќ по овој скандал, доколку самиот не се повлече, Мицкоски мора веднаш да го разреши. Го прашуваме Мицкоски дали тој се согласува со ваквата изјава на Стоилковиќ и дали ја оправдува? Дали ова е новото нормално во комуникацијата на владините функционери и дали овие закани и навреди стануваат секојдневна пракса? Срамно, ниско и недозволиво“,
порачуваат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека изразуваат целосна поддршка за Костовски, и за оваа навреда и закана, како што велат, ќе поднесат претставки до институциите.
Претходно, организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на Фејсбук изрази поддршка за студентите кои протестираат во Белград под слоганот „Пумпај“. На ова реагираше вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ со објава на својот фејсбук-профил:
„Напумпамо ве на избори. Да не сакате и некое друго пумпање? Затвори чекав …“
