Според СДСМ, граѓаните јасно го поразиле и коалицискиот партнер на Мицкоски, партијата ЗНАМ, за која велат, како што велат, „требаше да биде тројански коњ за делење на СДСМ“, а сега е на пат на исчезнување

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника бидејќи СДСМ е на пат да освои повеќе општини на овие избори отколку што ВМРО-ДПМНЕ успеала да освои на локалните избори во 2017 година.
Од СДСМ истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија.
„Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија“,
се вели во соопштението од партијата.
СДСМ како доказ за загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат фактот дека партијата на Мицкоски изгубила 140 илјади гласа. Оттаму додаваат дека доколку утре се одржат парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоила седум пратеници помалку и дека пропаднале сите планови за пасокизација на СДСМ.
Според СДСМ, граѓаните јасно го поразиле и коалицискиот партнер на Мицкоски, партијата ЗНАМ, за која велат, како што велат, „требаше да биде тројански коњ за делење на СДСМ“, а сега е на пат на исчезнување.
Партијата смета дека секојдневните соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ се обид лажно да се мотивираат нивните гласачи, но оти реалноста е поинаква.
Од СДСМ најавија дека продолжуваат со својата кампања во 17 општини и ги повикаа граѓаните масовно да излезат на гласање и да ги поддржат нивните кандидати во вториот круг.
Претходно денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ објави свои партиски анализи за резултатите од првиот круг од локалните избори, споредувајќи ги со оние на нивниот политички опонент, опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на првиот круг од парламентарните избори тие го пресликале успехот од минатогодишните парламентарни избори во процентуална вредност, а споредено со претходните локални избори во 2021 година, велат дека имаат раст на бројот на гласови за градоначалници и советници во општините.
Соодносот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по првиот круг од локалните избори одржан во неделата е 10 спрема еден, велат од партијата на власт.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), на првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 301 720 гласа, додека коалицијата предводена од СДСМ доби 125 758 гласа.
