„Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски“, прашува потпретседателот на СДСМ, Илиевски
Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) денеска, објавувајќи договор што бил склучен меѓу Министерството за дигитална трансформација и фирмата „Боки симпл тек солушнс“ ДОО од Скопје за набавка на систеем за контрола на пристап, обвинуваат за нов скандал во оваа институција, во кој, како што велат, повтроно има конфлик на интерес.
Методија Илиевски, потпретседателот на СДСМ денеска на прес-конференција рече дека тендерот вреден 600 илјади денари за набавка на систем за контрола на пристап е добиен од фирма, чии сопственици се родителите на Борче Младеновски, вработен во ИТ секторот на ова министерство.

Информациите за овој случај, како што рече тој, ги добиле преку свиркачи.
„Го повикуваме Андоновски да одговори дали е точно дека тендерот тежок 600 илјади денари завршил кај родителите на вработен во министерството, оти индикативен е и називот на маилот кој правното лице го има дадено во диставената документација за контакт со министерството, кој гласи [email protected]“,
вели Илиевски.
Посочи дека се обиделе да најдат список на вработени во Министерството, но дека на веб-страната тој податок не е достапен, односно пишува дека тој документ е во изработка.
„Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски“,
рече тој.




Потсети на неодамнешниот скандал во ова министерство, во кој тендер добил сопругот на државната секретарка, а Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет.
Тогаш, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска покажа два договори за кои рече дека се склучени помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги „Матео дизајн“ од Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчарова, државна секретарка во министерството.