Нема поголемо лицемерие од тоа за правда да зборува Антонио Милошоски лице кое се соочува со бројни судски процеси. Наместо да раскажува приказни во кој никој па ни тој не верува, Милошоски да се соочи со одговорноста и за почеток да не бега од судските доставувачи, се вели во реакцијата од СДСМ на прес-конференцијата на Милошоски во врска со најновите снимки на Јутјуб во врска со случајот „Рекет“.
„ВМРО-ДПМНЕ соочена со извесниот изборен пораз запаѓа во се поголема агонија и покрај стандардните лажни вести, измислува приказни во кои и самата таа не верува. Последен доказ за тоа е снимката објавена на медиуми под контрола на белиот дворец, преку која очајно се обидува да конструира поврзаност на семејството на претседателот Зоран Заев со случајот познат како ‘Рекет’. Јавноста знае дека токму Заев го пријави случајот и нема никаква врска со луѓето кои беа дел од тој предмет, за разлика од Христијан Мицкоски кој контактирал со Зоран Милески Кичеец, за што слушна целата јавност“,
се вели во писмената реакција.
