Наместо одговорност, додаваат оттаму, јавноста гледа обиди Тошковски да ја побегне од одговорноста преку дефокус и медиумски кампањи
Уште колку животи треба да згаснат за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да поднесе оставка, прашуваат од СДСМ.

„Не е само последната трагедијата во која згаснаа животите на мајка и дете и коа ја потресе целата јавност. Премногу трагедии, премногу згаснати човечки животи, премногу жртви поради сериозните пропусти во системот на МВР. За случајот со трагедијата во Капорш две години имало дури 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство. МВР на Тошковски потфрлил. За случајот со семејно насилство во Велес каде беа загубени два човечки животи исто така пропусти на МВР. За случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане каде има пет жртви исто така пропусти на МВР. За трагедијата во Кочани исто така. Сите овие случаи, сите овие трагедии го потврдуваат распадот на институциите и неспособноста на раководството на МВР да обезбеди заштита на граѓаните“,
се наведува во соопштението на СДСМ.
Наместо одговорност, додаваат оттаму, јавноста гледа обиди Тошковски да ја побегне од одговорноста преку дефокус и медиумски кампањи.
„Дефокусот нема да ги врати жртвтите. Оставка на Тошковски е минимум политичка одговорност и единствениот морален чекор по ваков трагичен институционален неуспех на МВР. Уште колку животи треба да згаснат за Тошковски да поднесе оставка? Ниту една функција не е поважна од човечкиот живот“,
порачаа од СДСМ.
