Од најголемата опозициска партија бараат целосно расчистување на случајот и одговори на сите прашања што ќе ги постават јавно

Безбедноста во државата е целосно нарушена, реагираат од СДСМ по синоќешното убиство во центарот на Штип. Оттаму нагласуваат дека убиства има речиси секоја недела и оти луѓето стравуваат за својата безбедност кога ќе излезат во кафе-бар или ресторан.
„За само 10 месеци, во Скопје имаше неколку убиства – во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари. Значително е зголемен бројот на разбојништва и кражби, сè почесто има престрелки со огнено оружје, а во два наврати беа фрлени и бомби во дворови на граѓани. Убиствата се случуваат дури и во полициски станици, како што беше случајот на Бит-пазар. Овие податоци јасно укажуваат дека МВР и министерот Тошковски ја немаат состојбата под контрола. Уште колку убиства се потребни за тој да сфати дека не може да ја води МВР како институција?“,
прашаа од СДСМ.
Од најголемата опозициска партија бараат целосно расчистување на случајот и одговори на сите прашања што ќе ги постават јавно.