Според владејачката партија, пратеникот на Левица барал од државата реновинарање на семејната куќа во Велес
Со силна критика кон претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев настапи денеска СДСМ, нарекувајќи го „лажен борец за социјална правда“, „лажен левичар“, „продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ“…
„Лажниот борец за социјална правда девет месеци е пратеник и за целиот тој период нема поднесено ниту еден амандман, ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните.
се наведувса во соопштение на СДСМ.
Како продолжена рака на Христијан Мицкоски, исто како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, и Апасиев и Крмов кочат закони важни за граѓаните. Лажниот левичар Апасиев го немаше никаде кога ВМРО-ДПМНЕ ги кочеше законите за петтиот и шестиот пакет мерки помош за граѓаните, го нема никаде кога се кочи најкапиталната инвестиција во македонското јавно здравство, Клинички центар. Толку од грижата за граѓаните, за работниците од страна на фејк левичарот Апасиев и неговата партија. Кочи закони во Собранието а зема плата од граѓаните. Згора на се малку му е пратеничката плата па побарал од државата реновинарање на семејната куќа во Велес“,
Пратеникот на Левица Борислав Крмов соопшти во петокот дека тој и Апасиев поднеле над 1 000 амандмани на законот за урбанистичко планирање, за да го блокираат, поради тоа што сметаат дека е во интерес единствено на урбаната мафија.
