Од владејачкиот СДСМ потсетуваат дека во времето кога на власт била ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата била 8 000 денари, а со СДСМ минимална плата е 20 175 денари и најавија дека ќе расте дополнително
„Со антиевропските ДПМНЕ и Левица, Мицкоски и Апасиев, нема иднина, само изолација и стагнација“, велат од владејачкиот СДСМ.
„Со ДПМНЕ и Левица нема поголеми плати и пензии, има само споменици и стиропор за богатење на Белата плата, врз грбот на народот. ДПМНЕ е партијата којашто беше против покачувањето на минималната плата и во чие 11-годишно време на владеење изнесуваше 8 000 денари. Работниците беа третирани како евтина работна сила, со згазено достоинство и без вреднуван труд“,
велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во времето кога на власт била ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата била 8 000 денари, а со СДСМ минимална плата е 20 175 денари и најавија дека ќе расте дополнително.
„Со ДПМНЕ просечната плата изнесуваше 22 000 денари, со СДСМ просечната плата е над 37 000 денари. Просечната пензија СДСМ ја зголеми за 40%. Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13 754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20 000 денари. Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9 000 денари, денес е 13 200 денари. Над 160 000 корисници на пензија биле под прагот на сиромаштија од 14 000 денари, дефиниран од Светска банка, а СДСМ го намали на повеќе од половина, за над 50%“,
потенцираат од СДСМ.
Најавија дека пензиите ќе растат и дека со новата методологија ќе се усогласуваат на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата.
