Владејачката СДСМ реагира на обраќањето на претседателотна ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и му порачуваат дека тој прави само поделби.
„За лидерски средби потребни се лидери, а Христијан Мицкоски тоа не е, освен кога се работи за ширење лажни вести и дезинформации. Мицкоски не може да понуди никакви решенија, не може да нуди решенија оној кој прави само проблеми, поделби и лажни вести. Мицкоски, граѓаните во тебе не гледаат решение, туку само блокатор на се што е добро за државата. Тоа досега требаше да ти стане јасно, по шесте изборни порази и издишаните протести што народот не ги поддржа“,
се вели во соопштението на СДСМ.
Тие велат дека барањата на Мицкоски не се константни, бидејќи еднаш побарал лидерска средба, а потоа рекол дека нема да присуствува, за денеска да побара средба повторно.
„Мицкоски ти немаш став ниту за сопствените барања. Граѓаните одбраа и одбираат сигурност, развој, напредок и стабилност и добро знаат дека тоа со Мицкоски не е возможно. Затоа шест пати го казнуваат на избори и го остваат во опозиција“,
се вели во реакцијата.