Претходно денеска од ЕСМ информираа дека блокот 2 во РЕК „Битола“ од утринава автоматски е исклучен од мрежа по вклучување на заштитниот механизам на блокот кој, како што рекоа, се активирал како последица на зголемена температура, односно опожарени дрвени елементи во близина на орманот за електронско управување
СДСМ обвини дека пожарот во командниот орман избил поради нередовно одржување
Опозицискиот СДСМ обвини дека раководството на ЕСМ прави сензации со наводни саботажи во РЕК „Битола“ за да го оправда своето, како што велат од партијата, неспособно работење.

Претходно денеска од ЕСМ информираа дека Блокот 2 во РЕК „Битола“ од утринава автоматски е исклучен од мрежа по вклучување на заштитниот механизам на блокот кој, како што рекоа, се активирал како последица на зголемена температура, односно опожарени дрвени елементи во близина на орманот за електронско управување.
СДСМ обвини дека пожарот во командниот орман избил поради нередовно чистење и одржување.
„Сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување, цела РЕК ‘Битола’ не е на мрежа поради пожар во командниот орман од нередовно чистење и неодржување. За да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените“,
велат од СДСМ.
Партијата оцени дека неспособноста на раководството на ЕСМ е причината поради која на почетокот на месецов од функцијата се повлече претседателот на Надзорниот одбор на ЕСМ, Иван Куковски, како и директорот на правниот сектор. Ги повикаа и останатите членови на Управниот одбор да бидат совесни и да си поднесат оставки.