За еден мандат ќе ја зголемиме минималната плата на 20 000, а просечаната на 34 000 денари, порачанлидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот собир во Куманово, заедно со носителите на пратеничката листа во Изборна Единица 2, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.
„Ако за две и пол години успеавме минималната плата да ја зголемиме за 5 500 денари, од 9 000 на 14 500 денари, сигурни сме дека можеме во полн мандат од 4 години, да ја зголемиме за дополнителни 5 500 и дека минималната плата ќе изнесува 20 000 денари. Можеме да ја зголемиме и просечната плата на 34 000 денари“,
истакна Заев.
Пред присутните, тој ги претстави столбовите на програмата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со фокус на домашната економија и евроинтеграциите.
„Нашата програма се базира на 6 сеопфатни столба: Стабилна држава со нова, развојна македонска економија, Држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните, Држава која се грижи за сите, Држава која е правна и праведна, Тоа е зелена, еколошка држава, тоа Европска држава, членка на НАТО. СДСМ е посветена на развој на домашната македонска економија, на инвестиции во инфраструктурата, на продолжување на интегративниот процес во ЕУ, на грижа за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните и загарантирана правда за сите. Ова се столбовите на кои е изградена нашата Програма. Чесна, одговорна и достојна понуда за граѓаните“,
порача Заев.