Од ВМРО-ДПМНЕ синоќа, веднаш соопштувањето на резултатите од изборите во СДСМ, му „честитаа“ на Ковачевски, нарекувајќи го пиун на Заев
СДСМ се менува, се трансформира, а ВМРО-ДПМНЕ останува иста и нереформирана. Ова е првата оценка на СДСМ по вчерашните настани во двете најголеми партии во земјава, откако социјалдемократите го избраа Димитар Ковачевски за нов лидер, а конгресот на ВМРО-ДПМНЕ го реизбра Христијан Мицкоски на челната функција.
„Над 44 000 членови на СДСМ на директни внатрепартиски избори, со тајно гласање, го избраа новиот претседател на партијата.Тоа е највисок степен на демократија, највисок демократски стандард на македонската политичка сцена.
се наведува во реакцијата од „Бихаќска“.
Истовремено ВМРО-ДПМНЕ на конгрес, каде што се однапред се знаеше, со само еден кандидат, одлучи да остане истата нереформирана партија.Огромна е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“,
Од ВМРО-ДПМНЕ синоќа, во првата реакција по изборот на Ковачевски оценија дека тој бил пиун на Зоран Заев.
Претходно Мицкоски, на партискиот конгрес, посебно потенцираше дека во изминатите четири години, откако тој дојде на чело на партијата, ВМРО-ДПМНЕ ги зајакнала позициите и се реформирала и трансфопрмирала.