Денеска јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири во Струга. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ Струга, а полицијата беше прустуна на настанот и воопшто не реагираше, велат од СДСМ и бараат одговорност од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
„Наместо предупредување, укажување и спречување на масовен собир во услови на опасна здравствена пандемија, полицијата иако присутна на настанот, не само што не реагираше, туку немо го следеше прекршувањето на забраната. Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загорзувањето на здравјето на граѓаните“,
велат од СДСМ.
Од таму посочуваат спротивно на препораките Чулев организирал јавен собир за денот на македонската полиција, „без запавуање на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците“. Дополнително веалт соработници на Чулев се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа и при тоа им се закануваат со физичка сила.
„Во само еден ден, јавноста е сведок на неколку настани со големи последици за здравјето и безбедноста на граѓаните поради неодговорниот Чулев.На овие скандалозни настани треба да се додадат и бројните случаи со злоупотребата на полицијата за партиски цели на Мицкоски и непреземањето ништо за кришење на мерките и препораките од страна на навивачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ“,
се вели во соопштението на СДСМ.