Од партијата обвинуваат дека нема возила за чистење, но оти парите на граѓаните „преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски“

Скопје е во колапс. Ова е реакцијата што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја упати до скопскиот градоначалник Орце Ѓорчиевски велејќи дека него и владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги „изненади снег во јануари“. Причина за реакцијата е снегот што утринава предизвика сообраќаен хаос во Скопје.
„Градот е парализиран, сообраќајакот е во хаос. Службите не функционираат, не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално“,
се додава во соопштението од СДСМ.
Од партијата обвинуваат дека нема возила за чистење, но оти парите на граѓаните „преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски“.
Според нив, денешната слика на блокирано Скопје е најава за тоа како ќе изгледа цела Македонија поради политиките што се водат – „црна точка во Европа“.
„Дали ова е ’Безбеден град’?“,
прашуваат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека затоа инсистираат да биде донесен Законот за прекршоци за кој, како што велат, нема да биде злоупотребен од страна на ВМРО.
