Нема потреба да се одложуваат ниту пописот ниту локалните избори, тоа се два процеса кои што течат паралелно, велат од СДСМ.
Стефан Васев, одговарајќи на новнарско прашње, дали е можно пописот да се злоупотреби за избори од било која партија, рече дека пописот е статистичка операција кој не смее да се политизира.
„Договор е помеѓу двајцата лидери дека на тој датум ќе се одржат (локални избори), односно во тој период ќе се одржи статистичката операција – спроведување на попис и мислам дека коректно е од политичарите, пред се мислам и на Мицкоски затоа што најчесто од нивна страна доаѓа политизирање на одредени аспекти за пописот да не се користат за политички цели. Тоа е статистичка операција“,
рече Васев.