Ќе остане забележано дека единствени противници за мерката за леб од 33 денари и кои застанаа зад профитерите беа ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Кризните профитери треба да се засрамат. СДСМ е тука за граѓаните, вели Шкријељ

Со одлуката за цената на лебот од најмногу 33 денари ги заштитивме граѓаните и стандардот. СДСМ не дозволи профитерство врз грбот на граѓаните во време на криза, рече на денешната прес-конференција пратеничката Санела Шкријељ.
„Од денеска и производите на големите пекарници кои два дена ја бојкотираа оваа обврска се доставуваат до сите маркети со продажна цена од најмногу 33 денари. Имајќи ги предвид повластената цена на електричната енергија, цените на пченицата, на природниот гас и горивата, цената од 33 денари е фер и во неа е вклучена и заработката на пекарниците“,
рече Шкријељ.
Таа додаде дека се разгледуваат опции за замрзнување на цените и на други основни продукти затоа што, како што рече, граѓаните се секогаш на прво место.
„Ќе остане забележано дека единствени противници за мерката за леб од 33 денари и кои застанаа зад профитерите беа ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Кризните профитери треба да се засрамат. СДСМ е тука за граѓаните, продолжуваме со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата“,
додаде таа.