Оттаму велат и дека одлуките на опозицијата не се штетни за нив туку за народот, како и тоа дека тие по секоја цена ќе ги надминат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ
Се потврди дека седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса. Штетните одлуки за новите блокади се нарачка од Никола Груевски, а Христијан Мицкоски само ги спроведува, се вели во вечерашната реакција на СДСМ на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да започне активна блокада на Собранието по 10 мај.
Од владејачката партија реагираат дека наместо да се одблокираат закони, опозицијата најавува блокада во време на енергетска и економска криза.
„Во време на најголема енергетска и економска криза после Втората светка војна, кога Собранието треба да носи ефикасни одлуки за граѓаните Мицкоски спроведува нови блокади. Наместо да ги деблокира законите кои подолго време ги кочи во Собранието, како Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата, криминалната ВМРО-ДПМНЕ се посвети на нови деструкции“,
се додава во реакцијата на СДСМ.
Оттаму велат и дека одлуките на опозицијата не се штетни за нив туку за народот, како и тоа дека тие по секоја цена ќе ги надминат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Штетните одлуки на криминалната ВМРО-ДПМНЕ не носат штета ниту на СДСМ ниту на Владата, нивната деструкција е единствено на штета на граѓаните и државата. Со сите демократски и разумни методи СДСМ и парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и обидите за вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски. СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите, разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ“,
нагласуваат од СДСМ.