Денеска Христијан Мицкоски повторно во првите редови во одбраната на насилството и криминалците, се заканува со ново насилство, како да не ја научил лекцијата на неговиот ментор од Будимпешта, реагираат од СДСМ по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека можна е радикализација, бидејќи народот е револтиран од владеењето на Заев.
„Очигледно големи се хипотеките на Мицкоски штом тој мора секој ден да брани криминалци и насилници. Тоа што луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, се обидоа да убијат пратеници и да го загрозат уставниот поредок Мицкоски ги брани и ги нарекува уставобранители е доказ дека овој човек е цврсто застанат зад насилството и криминалот, на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата“
велат од СДСМ.
На протестот за ослободување на осудените за 27 април, Мицкоски порача дека народот е на ивица на трпението ,а чашата ја прелеал изборот на судијката Кацарска за претседателка на Уставниот суд. Мицкоски без да прецизира што би значело тоа, предупреди дека „работата ќе се радикализира уште повеќе“, ако власта продолжи да се однесува отсутно.
