СДСМ сметаат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е неодговорен и незрел политичар, кој сè уште ја држи партијата во деструктивното минато.
„Во текот на најголемата криза со пандемијата на коронавирусот Мицкоски се однесуваше деструктивно, ширеше лаги и невистини дека нема доволно тестови за ковид-19 во државата и ги делеше здравствените работници по партиска основа. Мицкоски за време на пандемијата одеше во теретана, кога спортските објекти беа затворени, седеше во затврен дел од кафана, кога тоа беше забрането, а на предизборните собири на ВМРО-ДПМНЕ не се почитуваа мерките за заштита од пандемијата“,
се вели во соопштението.
СДСМ додаваат дека Мицкоски нема што да поунди за граѓаните, но додека бил на чело на најголемата електро-енергетска компанија многу конкретно ја покачи. цената на струјата за цели 100%.
„Мицкоски е најлошиот директор на ЕСМ. Додека му беше советник за енергетика на Груевски, Христијан Мицкоски си доби бизниси со хидроцентрали токму од Владата во која бил советник. За сето ова време Мицкоски покажа дека не го бидува за ништо освен за одбрана на криминал и остварување сопоствени бизнис интереси. Со таков нечесен и неодговорен однос кон граѓаните, Мицкоски уште долго време ќе биде на поразената страна“,
се вели во соопштението.
