Официјалните статистички податоци потврдуваат дека мерките за надминување на последиците од корона-кризата, креирани и реализирани до институциите – даваат резултати, а со четирите пакети мерки , 860 милиони евра завршија директно кај граѓаните и во стопанството, велат од владејачкиот СДСМ.
„Во јануари е регистрирано зголемување на просечната плата од 2,7 отсто, како и раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалување на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена“,
се наведува во соопштението од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека во однос на преткризниот период се бележи раст на буџетските приходи, а растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека 5 отсто е растот на даноците и придонесите.
„Во јануари извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти.Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува“,
велат од СДСМ.
Од СДСМ додаваат дека нивната партија продолжува со креирање и реализација на мерки и политики за поддршка и поттикнување на домашната економија.
