Оттаму велат дека ги поддржуваат барањата на работниците и на ССМ, оти секој работник заслужува достоинствеена плата за живот
Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) ќе поднесе законски решенија за покажување на платите на работниците и замрзнување на тие на функционерите. Оваа најава на опозициската партија следува по деенешниот протест на работниците, а во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), на кој се бараше зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за сто евра.

„Имајќи ја предвид тешката положба на работниците и намалениот животен стандард на граѓаните, како и изнесените барања на Сојузот на синдикатите, СДСМ ќе поднесеме законски решенија во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра, за зголемување на платите за 100 евра во другите сектори, како и законски решенија за замрзнување на платите на функционерите“,
се вели во соопштението од опозициската партија.
Оттаму велат дека ги поддржуваат барањата на работниците и на ССМ, оти секој работник заслужува достоинствеена плата за живот.
Одлуката за поддршка на протестот на работниците, како што денеска изјави партискиот лидер Венко Филипче, била донесена на вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ.
Попладнево пред Работничкиот дом во Скопје почна протестот во организација на ССМ на кој работниците го изразија своето незадоволство од висината на платите.
Протестот потоа продолжи пред Собранието, од каде што претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, најави дека ќе поднесат закон за намалување на платите на функционерите, а за зголемување на тие на работниците.
Како што тие две години ни го вртат грбот, сега ние да им го свртиме на нив, порача вечерва претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов,
На крајот протестот заврши пред Владата каде работниците симболично го свртеа грбот кон функционерите што работат во таа зграда.
Најавија дека ќе ги блокираат институциите и ќе донесат одлука за генерален штрајк, првпат во историјата на државата во приватниот сектор.
За обвинувањата дека протестот е политички монтиран, посочија дека денеска ги собрала маката, а не политиката.
