Според владејачката партија, лидерот на СДСМ Венко Филипче избрал анонимни личности за кандидати за градоначаланици, предложени од поранешниот претседател на партијата и експремиер Зоран Заев, кои зад себе немаат никаков минат труд и резултати
СДС избра луѓе кои се спремни да го понесат поразот на претстојните локални избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако Социјалидемократскиот сојуз на Македонија вечерва ги објави имињата на уште 11 кандидати кои ќе се борат за градоначалничка функција на претстојните локални избори во октомври.

Според владејачката партија, лидерот на СДСМ Венко Филипче избрал анонимни личности за кандидати за градоначаланици, предложени од поранешниот претседател на партијата и експремиер Зоран Заев, кои зад себе немаат никаков минат труд и резултати.
„СДС не може да понуди луѓе со визија и конкретни дела, гледаме список на имиња без докажани успеси. СДС повторно прави политички импровизации и нуди безидејни кадри. Граѓаните заслужуваат стабилност, стручност и резултати, а СДС уште еднаш потврди дека не е способна да одговори со кандидатите кои ги нуди. Кандидатите на СДС се само продолжение на поразени политики“,
се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Социјадемократскиот сојуз вечерва ги објави имињата на кандидатите за градочалници во општините Бутел, Велес, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Конче, Кратово, Кривогаштани, Македонски Брод, Ранковце и Старо Нагоричане.
Како што може да се види од листата на одобрени кандидати, од општините каде СДСМ има актуелен градиначалник само еден повторно ја добил поддршката да се бори за нов мандат.
Станува збор за градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров кој ќе се бори за трет мандат во оваа Општина.
За разлика од него, актуелниот градоначалник на Делчево, Горан Трајковски не е кандидат за нов мандат во оваа општина, каде социјалдемократките ќе трчаат со ново име – Дејан Глинџарски.
Со ново име СДСМ за градоначалник ќе трча и во Општина Старо Нагоричане, која досега во два мандати ја водеше Жаклина Јовановска.