Оттаму посочија дека тие стамни ликови и ентитети не само што се согласија македонскиот јазик да биде ставен под прашање во рамките на преговарачкиот, туку и ја прифатија срамната бугарска диктатура врз македонската истрија, култура и образование
Бујар Османи денес се обидува да зборува за македонскиот јазик, а е истиот тој човек, кој како министер за надворешни работи го потпиша почетокот на уцените, подготвувајќи терен за национално понижување, реагираат вечерва од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека за меѓународна афирмација на македонскиот јазик има направено повеќе направено отколку кој било од власта.

„Зоран Заев и Бујар Османи беа тие што прифатија преговарачката рамка која ја загрози македонската самобитност, ставајќи ја во рацете на други држави. Тие двајца, односно СДС и ДУИ направија се што можеше за да го разнебитат македонскиот идентитет, да ја распродадат државата и да ги прифатат сите уцени што ни беа поставени однадвор“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочија дека тие стамни ликови и ентитети не само што се согласија македонскиот јазик да биде ставен под прашање во рамките на преговарачкиот, туку и ја прифатија срамната бугарска диктатура врз македонската истрија, култура и образование.
Токму тие, велат од владејачката партија, ја отворија вратата за сите уцени и за сите условувања што следеа.
„Додека ВМРО-ДПМНЕ се бори за Македонија како самостојна и суверена држава, СДСМ и ДУИ се бореа како да ги задоволат туѓите интереси на штета на граѓаните“,
посочија од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа Влада, посочија, ќе ја исправи државата на патот на вистинските европски вредности, со зачувување на јазикот, културата и националниот идентитет.
Османи денеска рече дека за меѓународна афирмација на македонскиот јазик има повеќе направено отколку кој било од нив.
„Македонскиот јазик е прифатен во ЕУ и Преговарачката рамка без никаква фуснота. Потпишан е првиот договор со ЕУ каде се оризнава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС). Нека направи премиерот Мицкоски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот јазик, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле“,
напиша тој на Фејсбук.
Претходно, во изјава за ТВ 21, Османи вчера рече дека на повидок е длабока политичка криза во државата доколку не се врати „балансерот“ и ако со одлука на Уставниот суд се загрози употребата на албанскиот јазик. Во тој случај, како што рече потпретседателот на ДУИ, во услови на политичка криза, нема да има ниту локални избори.
Мицкоски, кој коментирајќи изјава на Османи, рече дека човекот што преговарал и го распродавал македонски идентитет и македонскиот јазик има најмал кредибилитет да зборува, зашто ако тој него не го почитува, не го почитува ни својот албански јазик.
Најавата на опозициската ДУИ за бојкот на локалните избори и предлогот за одржување предвремени парламентарни избори, според Мицкоски, е одраз на стравот и паниката која, како што рече, се гледа од коментарите на челниците на Демократската унија за интеграција.