„Факт е дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на Општина Кочани. Сценариото на неколку седници наназад вклучуваше навреди на етничка, верска и лична основа, погрдни зборови упатени не само кон поединци, туку и кон целата ромска заедница. Советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ беше најгласен во навредите и погрдните зборови и тоа го знаат сите советници“, се вели во партиското соопштение
Најостро го осудуваме насилството што се случи на седницата на Советот на Општина Кочани, соопштија од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) откако денеска советникот од редовите на Партијата за демократските просперитет на Ромите (ПДПР), Аки Акимов, обидувајќи се физички да се пресмета со свој колега, со шише вода ја погоди право в глава Ана Кралева, помошник-раководител на Секторот за правни, јавни дејности и општи работи во Општината, која седеше во последниот ред во салата за седници.
Оттаму посочија и дека се оградуваат од постапките на советникот што го предизвика денешниот инцидент. Велат дека не станува збор за член на партијата, туку на коалициски партнер.

„Ги осудуваме и провидните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, кои со провокации и намерно поттикнување тензии се обидуваат да создадат конфликти и нестабилност во Кочани“,
се вели во партиското соопштение.
Според СДСМ, сериозноста на овој инцидент дополнително се отсликува со самото тоа што учесници се советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од ромската партија, а повредена е вработена во општинската администрација.
„Факт е дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на Општина Кочани. Сценариото на неколку седници наназад вклучуваше навреди на етничка, верска и лична основа, погрдни зборови упатени не само кон поединци, туку и кон целата ромска заедница. Советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ беше најгласен во навредите и погрдните зборови и тоа го знаат сите советници“,
пишуваат од СДСМ.
Иако провокациите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ се очигледни, сепак СДСМ смета дека недозволиво е каков било чин на насилство.
„Насилството не смее да има и мора да биде санкционирано. Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да утврдат одговорност кај сите инволвирани. На Кочани му е потребна солидарност, стабилност и решенија, а не насилни сценарија инспирирани од политички калкулации на власта“,
велат од опозицијата.
Инцидент се случи на денешната 65. седница на Советот на Општина Кочани откако советникот Аки Акимов од редовите на Партијата за демократските просперитет на Ромите (ПДПР) се обиде физички да се пресмета со свој колега.
По размената на навреди и пцости, Акимов додека се обидуваше да дојде до другиот советник, со шише вода ја погоди право в глава Ана Кралева, помошник-раководител на Секторот за правни, јавни дејности и општи работи во Општината, која седеше во последниот ред во салата за седници.
Од силниот удар таа се струполи наземи, а страстите полека се смирија додека колегите ѝ укажуваа помош.
На седницата се расправаше за повеќе теми, меѓу кои за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, во кое загинаа 62 млади лица, а повеќе од 200 беа повредени.