СДСМ потсетува на гласањето закони во Собранието на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, обезбедувањето Бадентерово мнозинство, како и пуштањето на Артан Груби преку границата, што е доказ за соработката на ДУИ и владејачката партија

Нападите што ДУИ ги адресира до СДСМ се за прикривање на нивните договори со ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ го поздравува бришењето на националистичкото видео со воени униформи на Али Ахмети, со што директно призна дека таквата политика не е добра и воопшто не носи добро ниту на земјата ниту на граѓаните, се вели во партиската реакција.
„Но, сепак, со новите неосновани напади на ДУИ кон СДСМ во однос на Албанците покажува дека, за жал, партијата не се откажува од својата единствена стратегија на постојано подгревање поделби и етнички тензии. ДУИ треба конечно да се одважи и да ги напушти овие националистички политики и да разбере дека се несоодветни за нашето мултиетничко општество“,
реагира СДСМ.
Оттаму потсетуваат дека на гласањето закони во Собранието заедно со ВМРО-ДПМНЕ, обезбедувањето Бадентерово мнозинство, па сè до последните скандали, како слободното пуштање на Артан Груби преку границата и додаваат дека тоа е доказ за соработката на ДУИ и владејачката партија.
Претходно денеска ДУИ посочи дека СДСМ не се однесува како опозициска партија и дека не се бори за власт против ВМРО-ДПМНЕ.
Напротив, тврдат од ДУИ, СДСМ е тивок гарант на проект што им служи само на ВМРО-ДПМНЕ и на оние што сакаат да го вратат назад процесот на политичка и економска еднаквост на Албанците.