Додека ВМРО-ДПМНЕ фрлаа народни пари во споменици , жални врби и други криминални проекти, СДСМ преку Владата која ја предводи, инвестира во нови патишта, канализации и водоводи, железници и многу други капитални инвестиции кои се од суштинско значење за развојот на нашата држава, реагираат од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски која ја обвини власта за лоша економска политика и задолжување на граѓаните.
„Само заради криминални проекти ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот, а денес Мицкоски ја продолжува расипничката матрица на неговиот ментор Никола Груевски и се противи секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните а не во белиот дворец. Мицкоски може да гледа и да учи како се работи одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните, државата и економијата“,
се вели во соопшптението од СДСМ.
Во него се посочува дека ланската 2019 година како доказ за успешна година на полето на реализирани капитални проекти кои, според владејачката партија достигнале високи 86 отсто, со инвестиции во гасификација, железница, комунална инфраструктура, социјални станови.
„Нашата земја ланската година и оваа 2020 година, во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години… За неполни 3 години, Владата предводена од СДСМ успеа негативното салдо од 1.8%, БДП да го подигне на 3.6%“,
се додава во соопштението.
Од СДСМ истакнуваат дека е неодговорно и нереално од страна на Мицкоскида споредува процент на реализација на капитални инвестиции само во првите 4 месеци од годината , кога до комплетната реализација остануваат уште 8 месеци од годината.
